Тоа се патриотите од ДПМНЕ! Модерните „војводи“

Еден ден историјата ќе пишува за овој бурен период во Република Македонија. Можеби ќе се сними и филм, барем документарен, па и ние кои денеска ги анализираме и коментираме секојдневните сучувања да видиме што точно се случило зад затворените врати. Можеби тогаш ќе дознаеме која е цената на еден пратеник, на еден политичар... колкава е цената за македонскиот идентитет кој е пред заминување во историјата. До тогаш, можам само да пишувам и предупредувам. Би рекол и анализирам, но потезиве се толку отворени што никаква анализа не е потребна.

8 пратеника од опозицијата се премислија за 24 саата и гласаа за. Деветта рече дека не знаела што зборува пред една година и дека и паднало тешко за оние 8! Девојчево со шишките на политичката сцена за прв пат го сретнав при протестите во општина Центар. Не дека се сеќавам што зборуваше младата плавуша од ДПМНЕ, туку ја памтам дека носеше кошула помала 2 броја,  со цел да истакне дел од своето тело. Си помислив, види ја сеа па сиротава, вака ли планира да напредува во кариера. И да, напредуваше. Стигна да биде претседател на жени во ДПМНЕ и секако пратеник во Собранието на Р. Македонија. Народ гласал за неа!!! Некој од нас сакале таа ди ги преставува во парламентот. Значи, имате плавуша со siski во партија. Ај некако да ги разберам оние над неа во партијата, зошто имаат „мерак“ таа да „напредува“. Ама луѓе, зошто бе вие ја гласате? Мислевте дека баш таа најдобро ќе ве претсавува во Собранието и ќе се бори за вашите права? Озбилно? Туку, доволно за неа. Еве за година дена очекувам пак да каже дека не знаела што зборува денеска.

Сите тие кои гласаа ЗА промена на уставот од ДПМНЕ, беа веднаш набркани од паритијата, а потоа следеше уште „посериозна“ чистка. Па така, Мијалков од браникот, излета на суво или барем надвор од ДПМНЕ. Моето мислење за тој лик во моментов не е важно. Ок, ниско е, пониско и не може да биде, ама да се задржам на темата, односно на писмото што како одговор на неговото протерување од ДПМНЕ тој му го напиша на Мицкоски. Немам намера да го коментирам целото, затоа што изобилува со глупости и лични напади, туку само делот каде „Началникот“ јавно го прашува Мицкоски што тој и „новото“ ДПМНЕ планираат да превземат и како ќе го бранат Уставното име и идентитетот.  Поминаа неколку денови, а одговор на тоа прашање НЕМА! Всушност тезата која ја поставува Мијалков во обраќањето до Христијан, дека ДПМНЕ само ќе глуми жртва и патриотска партија, се додека не се промени се што треба да се промени, со цел потоа лесно да ја освои власта, е постара од сите овие глупости денеска. Истото се случи и во 2006 година, кога ДПМНЕ со новиот лидер Груевски ги изгази на избори СДСМ, токму по територијалната поделба на Македонија и неуспешниот референдум во 2004 година. ДПМНЕ и тогаш глумеше, се жалеше, демек делуваше, но не превзема ниту еден радикален потег и референдумот не помина, а Груевски си стана премиер! Истата стратегија ја гледаме и денеска. Погледнете ги само обраќањата на Мицкоски и се ќе ви биде јасно. Тој зборува само за избори. Не бара избори сега, ниту па споменува датум, туку ветува победа на следните избори! Не зборува за борба СЕГА! За спречување на менувањето на името, историјата идентитетот, само ги осудува и посакува избори(потоа). ТОЛКУ! Тоа се патриотите од ДПМНЕ! Модерните „војводи“. Оние кои се рекламираат како наследници не Делчев, Груев, Гули, Сандански... Џабе е дечки, нема така да ве запише историјата. Него дај тоа ВМРО избришете го од името на партијата. Стварно не е коректно вака.

Вчера, конечно министерката за правда призна дека од преамбулата ќе се брише добар дел од АСНОМ. Односно, сега во уставот ќе се повикуваме само на одредени одлуки од АСНОМ, не на целиот проглас! За ова веќе пишував неколку пати. Јасно беше како ден, дека не е можно АСНОМ да остане, исто како што е јасно дека и Илинден ќе го заборавиме како наше востание. Не знам зошто воопшто и се мачи Заев да не лаже волку, кога само неколку дена подоцна (некогаш часови) вистината мора да излезе. Еве сега уште не лажат со некаков амандман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитетет! Како идентитетот да е нешто што произлегува од правен документ. Запишан и гарантиран на лист, но со избришана историја и сменето име. Дури и да е тоа можно, а не е, како Грција би го прифатила тоа? Зарем сериозно некој верува дека Грција дозволила ние сами да си ги формулираме амандманите во уставот при промена на името, а веќе потпишала договор? Се е ова оддамна напишано, Заев сега само глуми демократија.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно