ВИДЕО: Летаа боксови и клоци сред емисија во живо!

Опозициски косовски пратеници се пресметаа по дебата на телевизија. 

Се работи за Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), кои се степале по дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, каде гостуваа. 

Красниќи не одговорил на повиците на новинарите.

Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко објаснил дека немало физичка пресметка туку само вербален конфликт.

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Беса Гаџери, која исто така била присутна на дебатата, за зери.инфо изјави дека по завршувањето на емисијата дошло до тепачка, а новинарот Келменди реагирал за да ги раздвои.

Водителот Адриатик Келменди изјави дека во емисијата во живо, посветена на дијалогот со Србија, не се случило ништо невообичаено.

Красниќи учествуваше и во друг инцидент во дебатна емисија во живо на телевизијата Клан Косова, пред неколку месеци, кога го нападна со тупаници пратеникот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Миљаим Зека. И во косовското Собрание неколку пати се случуваа тепачки, а имаше и фрлање на солзавец. 

Коментари

Популарно