ВИДЕО: Жива погребана, 11 дена врескала од ковчегот

Росанхела Алмеида дос Сантос од Бразил, за која се верувало дека починала од септички шок, по два срцеви удари, по грешка е погребана жива. По 11 дена вресоци, молење и секаков обид да излезе од таму, таа сепак починала.

Таа во болница е прогласена мртва на 28 јануари, а веќе следниот ден погребана. Луѓето кои живеат во непосредна близина на гробиштата на кои е погребана, на 9. февруари им јавиле на нејзините роднини дека од гробот слушаат вресоци и удари.

Додека го отвориле гробот, Росанхела починала. Нејзиното тело било поинаку завртено и се уште топло, а имала и повреди на главата и рацете, па се претпоставува дека настанале при обидот да излезе надвор.

Семејството верува дека по грешка е прогласена за мртва и поради тоа инцидентот го пријавиле во полиција.

Нејзината сестра, Изамара Алмеида рекла дека не сака да го обвинува нејзиниот доктор, но и дека не сакаат да создаваат никакви проблеми, но и дека секако било невозможно некој, и по 11 дена да биде топол кога ќе го извадат од гробот.

Полициајта зела изјави од членовите на семејствоот и други лица, а навеле дека доколу биде неопходно телото на Росанхела повторно ќе биде ексхумирано за да се утврди што се случило.

Портпаролот на болницата каде Росанхела е прогласена за мртва, истакна дека ги обезбедиле сите потрбни информации кои од нив би ги побарале членовите на семејството или државните органи.

Коментари

Популарно