ФОТО: Се пофалил со фотки од љубовницата - тоа било последното што го направил

Поради овие фотографии, фудбалерот на бразилскиот прволигаш Сао Паоло ја загуби главата. Буквално. Имено, овие фотографии кои тој преку WhatsUp им ги испратил на своите пријатели се последното нешто што тој го направил во својот живот. Утрото, неговото тело било најдено во грмушки покрај патот со отсечена глава и гениталии.

За убиството сам во полиција се пријавил сопругот на жената со која фудбалерот бил во кревет последната ноќ. 

Имено, станува збор за 38 годишен бизнисмен кој во полицијата сам признал дека го убил 24 годишниот фудбалер во момент на афект, откако како што изјавил го затекнал како ја силува неговата сопруга Кристина.

„Овде можам да спијам. Има неколку жени кои спијат низ целата куќа. Јас сум со мајката на девојката која слави роденден. А и тато е тука“, напишал фудбалерот во пораката која му ја испратил на својот пријател

Полицијата верува дека убиството се случило во куќата а мртвото тело со автомобил е извадено надвор и фрлено во грмушки. Според информациите од таму, телото е обезглавено и масакрирано по смртта. Полицијата не може да потврди дали фудбалерот имал секс со сопругата на убиецот.

Коментари

Популарно