ВИДЕО: Џулија Робертс после 20 години ја откри вистината за своите влакнести пазуви

Актерката Џулија Робертс пред речиси две децинии имала еден незаборавен момент на црвениот тепих, за кој сега прокоментирала во шоуто „Busy Tonight“, кое го води актерката Бизи Филипс.

На лондонската премиера на филмот „Notting Hill“, од 1999-та година, Џулија мавтајќи им на собраните обожаватели, ги покажала неизбричените пазуви, што во јавноста останал запаметен како важен холивудски феминистички момент.

Бизи сега ја искористила приликата да провери дали Џулија навистина имала намера да испрати феминистичка порака или само заборавила да ги избричи пазувите, а актерката конечно одлучила да биде искрена.

„Тој момент ми остана во сеќавање. Едноставно лошо ја проценив должината на своите ракави и што сè ќе се открие додека мавтам“, признала Џулија после речиси 20 години и открила дека нејзиното појавување било прилично непријатен момент за неа, бидејќи заборавила да ги избричи пазувите.

„Тоа повеќе зборува за мене како личност, а не за моите ставови“, додала актерката и веруваме дека со тоа разочарала многу нејзини фанови.

Коментари

Популарно