Ана Севиќ првпат после несреќата на Дарко ја отвори душата

Ана Севиќ минува низ тежок животен период, бидејќи нејзиниот и понатаму законски сопруг Дарко Лазиќ се бори со стравични повреди после сообраќајната несреќа која ја доживеа. Едно време, пејачката не се огласуваше ни на друштвените мрежи, а целото време го минувала во болницата во Земун каде што лежи пејачот.

Признава дека се чувствува растргната и одлучила да стави точка на градските приказни, напоменувајќи дека останува на одлуката да не изнесува информации од болница.

Ана им напоменала на лекарите дека на неа може да сметаат 24 часа.

„Јас се трудев медиумите мене да не ме видат“, вели Ана која секојдневно оди во болница кај Лазиќ.

Таа и Дарко една година не се заедно, но уште законски не се разведени.

„Не е потпишано уште ништо, тоа се одложуваше. Ние постигнавме договор веднаш после разделувањето, но уште не сме официјално разведени“, вели Севиќ.

На својата ќерка Лорена не планира да ѝ каже што се случило со нејзиниот татко, бидејќи смета дека е доволно голема да се потресува, но и доволно мала за да сфати за што се разботи.

„Правам се што е можноп да не дојде до тоа. Таа е мала и не треба да знае. Доволно е голема да се потресе, а доволно мала за да сфати што се случива. Сите се упатени во приказната и внимаваат да не дојде до неа оваа информација. Прашува за него, но навикната е да не е тука, да не е присутен. Велам дека е на пат и тоа е тоа“, вели Ана.

После разделбата со Дарко, Ана запловила во врска со Данијел Неделковиќ.

„Ние сме во сериозна врска, се е као што треба.ж“ заклучила Севиќ.

Коментари

Популарно