Грчките свештеници останаа на “улица“

Владата на Алексис Ципрас и Грчката православна црква постигнаа условен договор речиси 10.000 православни свештеници и црковен персонал да бидат отстранети од платниот список на државата. Според сегашниот систем, платите на свештениците се плаќаат директно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, и за нивна исплата секоја година се трошат 200 милиони евра годишно.

Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и Архиепископот Јеронимос, а за ситуацијата да биде разбирлива и од двете страни државата во иднина ќе ја помага грчката црква но само со специјален фонд од субвенции.

Договорот, исто така, предвидува решавање на повеќегодишниот спор околу имотите меѓу државата и црквата, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.

Грчките кредитори одамна се обидоа да ја убедат владата да продаде недвижнини и да го намали бројот на вработените во јавниот сектор.

Договорот мора да биде усвоен од грчкиот парламент, како и од владиците на црквата, пишува Танјуг.

Здружението на грчки свештеници веќе објави дека ќе се спротивстави на секој обид за укинување на статусот на државни службеници.

Грчката православна црква со векови играла водечка улога во животот на државата и според Уставот, Православието се смета за официјална религија.

Условениот договор се совпаѓа со парламентарната дебата за уставните измени во кои се разгледуваат амандмани за одвојување на црквата од државата.

Коментари

Популарно