ТРЕЈЛЕР: Пристигнува второто продолжение за анимираниот филм "The Secret Life of Pets 2"

Објавен е првиот трејлер за продолжението на анимираниот хит "The Secret Life of Pets" кој во кино салите треба да пристигне во јуни 2019 година.

Првиот дел од забавната авантура беше претставен во 2016 година и многу брзо стана анимиран блокбастер со импресивна заработка од 875,5 милиони долари. 

Она што е поважно дека во продолжението на анимираниот филм, гласот на главниот лик, кучето Макс нема да биде позајмен од комичарот Луис Си Кеј. Тој минатата есен призна дека извршил сексуално злоставување после што е покрената тужба против него од страна на 5 комичарки.

Гласот за второто продолжение ќе биде позајмен од Патон Освалт, а покрај него другите ликови ќе ги толкуваат Ерик Стоунстрит, Кевин Харт, Лејк Бел, Дана Карви, Алберт Брукс, Ханиба Бурес и многу други.

"The Secret Life of Pets 2" премиерно ќе биде прикажан на 7 јуни следната година во Америка, а потоа следува и светска кино дистрибуција.

Коментари

Популарно