Го убија младиот Саздо, но не се чувствуваат виновни!

Обвинетите за смртта на Никола Саздовски не се чувсствуваат виновни за делото за кое се тварат.

Одбраната тврди дека немало умисла да се лиши од живот починатиот  туку дека е насилство со смртна последица. Според адвокатите на обвинетите немало убиство на свиреп начин бидејќи убиениот бил во бессознание.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.

Коментари

Популарно