"Донесете ми ја, јас само за неа живеам"

Дарко Лазиќ, ѕвездата на Гранд која имаше тешка сообраќајка, постојано плаче во болницата за да си ја види четиригодишната ќеркичка.

Извори од болницата за српскиот Курир велат дека тој има емотивна криза, постојано плаче и кука да си ја види малата ќеркичка Лорена, која не знае за несреќата.

- Доведете ми ја, таа е единствената причина за која се борам и живеам, викал тој во болницата.

Докторите објаснуваат дека тоа се случува по тешки операции и трауми.

Коментари

Популарно