Ние не го убивме - виновна е метланта кутија на ЕВН!

Двајцата обвинети за убиството на Саздовски се изјаснија како невини, малолетничка ќе сведочи без присуство на јавност.

Бесим Беља и Скендер Демири двајцата обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиството, објави ТВ 21.

Во воведниот говор адвокатот на Беља истакнал дека немал никаква намера да го лиши од живот сега веќе починатиот, и истакна дека смртта настапила поради метална кутија на ЕВН која се наоѓала на постојката за автобуси.

Асир Исмаиловиќ, бранителот на Демири рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не е основано, бидејќи ако обвинетите му побарале лична карта и почнале да го тепаат, зошто Обвинителството не навело какви дејствија презел. Според него, не е споменато дали делото е извршено со умисла или кој е мотивот. Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Коментари

Популарно