Еве колку пати ви следуваат по основ К-15

И годинава вработените во приватниот сектор едвај го чекаат декември за кај нив да легне регресот за годишен одмор познат како К15.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Тоа значи дека вработените ќе добијат минимални 9.610 денари.

Коментари

Популарно