Милошевски преку Твитер “му се обрати на Мијалков“

Антонио Милошоски -пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , кој инаку беше еден од жестоките критичари за начинот на кој беше избран Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се реши да напише твит за актуелните случувања во државата, но по се изгледа неговиот твит се однесува на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков кој напиша отворени писма до Мицкоски, во кои му порачува дека е време да го врати про-европскиот курс на партијата.

– Со четвртина жестокост да пишуваше отворени писма и да преземаше законски чекори против незаконските дејства на Зоран Заев пред 4-5 години, денес немаше да има потреба да одработува за СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, гласи твитот на Милошоски.

Коментари

Популарно