ФОТО: Згодната Албанка во проѕирна тоалета фатена пред новата вила во центарот на Лондон

Рита Ора се преселила во Њу Холанд Парк, најскапата улица во Лондон.

Рита Ора, британска пејачка со албанско потекло, веќе некое време живее на нова локација, а сега конечно и била снимена. 

Најзгодната Албанка, како што многумина ја нарекуваат, се преселила во Њу Холанд Парк, најскапата улица во Лондон, а први соседи и се Бекамови, Сајмон Кауел, како и Роби Вилијамс.

Како што пишуваат странските медиуми, Рита одлучила да се пресели бидејќи наводно соседите од старата населба се жалеле на буката во доцните вечерни часови во текот на забавите кои ги приредувала.

Пејачката била фатена како од нејзиниот нов дом излегува во проѕирна тоалета, која откривала многу нејзини атрибути.

Коментари

Популарно