Вардар поразен од Шкупи

Иако екипата на Шкупи се наоѓаше пред самото дно на табелата во ПМФЛ, но во скопското дерби со Вардар освои значајни три бода (1-0), со што го напушти „фенерот“ и направи чекор напред во борбата за опстанок.

Мечот на „Чаир“ го одбележа Суат Зендели, кој го играше последниот меч за тимот и замина во пензија. На натпреварот немаше многу шанси, а победата за домашните ја донесе еден погодок кој падна во средината на второто полувреме. 

Мечот чекаше на својата прва шанса повеќе од половина полувреме, затоа што во 38. минута домаќинот имаше прв прилика за гол, но Филип Гачевски одлично го одбрани шутот на Рон Броја. Неколку минути подоцна првпат се закани и Вардар, преку најистурениот Лира, но Алексовски беше на висината на задачата.

На паузата се замина без голови, а се играше мирно се до 54. минута, кога Лира повторно имаше шанса за Вардар, но не ја искористи. Казната за пропуштеното дојде во 57. минута, кога Броја нафрли од десната страна, а Сержињо налета на топката со глава и го совлада Гачевски, за радост на „Чаир“ (1-0).

Коментари

Популарно