Груевски „Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува.

Неодамна екс премиерот Никола Груевски  напиша на својот ФБ профил дека и тој не бара помилување и го напиша ова:

„Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’. Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче). Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани. Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!“

Коментари

Популарно