Директорот на Google испрати порака до вработените на компанијата

Компанијата Google, која е обвинета за прикривање на случаеви за сексуално злоставување, вети дека ќе воведе интерни промени кои би придонеле за подобро следење на тие ситуации, прифаќајќи некои барања на своите вработени.

"Треба да се признае дека во минатото не сме преземале сè што е потребно и поради тоа искрено жалиме", напиша директорот на Google, Сундар Пичаи во пораката за вработените. 

"Мораме да им пристапиме на промените", рекол тој.

Пичаи вети дека Google ќе биде транспарентен во водењето на обвиненијата за злоставувања и дека вработени кои тврдат дека биле злоставувани ќе имаат подобра интерна поддршка.

Како што побарале вработените, Google ќе ја раскине задолжителната "арбитражна клаузула" која ги обврзува вработените да се откажат од правосудниот процес во случај на сексуално злоставување и таа ќе биде по избор.

Арбитражата е облик на посредување, наменета за решавање на спорот многу подискретно од судска постапка. Арбитражата е чест случај во американските компании и многу често се занимава со случаеви на сексуално насилство.

Протест поради злоставување

Од Сингапур до Њујорк, преку Лондон и светското седиште на компанијата во Калифорнија, илјадници вработени на Google минатата недела престанаа со работа за да предупредат на сексуално насилство во компанијата.

Тој проект е покренат откако се објави статија на Њујорк Тајмс, во која магазинот наведе дека Google во последните години прикривал низа случаеви за сексуално насилство во кои биле вклучени високи функционери, помеѓу кои Енди Рубин, основачот на оперативниот систем Андроид, кој си замина од компанијата во 2014 година со отпремнина од 90 милиони долари, а Рубин ги негираше обвиненијата.

Коментари

Популарно