ВИДЕО: Самсунг ја претстави иднината на паметните телефони

После долгите најавувања, прашање на време беше кога јужнокорејски Самсунг ќе го претстави својот флексибилен паметен телефон.

Сепак, тоа што Самсунг им го претстаави на девелоперите е само концепт и ќе поминат барем уште неколку месеци пред да го видиме паметниот телефон со флексибилен екран во пракса. Како и да е, целиот концепт на Јужнокорејците ветува многу.

Концептот нуди 7,3-инчен флексибилен екран кој може да се користи за читање, гледање на телевизија или работа на неколку апликации истовремено. Како што соопштија од Самсунг, Flex Display ќе поддржува работа во три апликации истовремено.

Кога е целосно отворен, изгледа како таблет, но кога ќе се склопи се претвора во обичен паметен телефон.

Покрај новиот екран доаѓа и нов кориснички интерфејс “One UI” кој што ќе ги воодушеви минималистите и сите оние кои што не сакаат да имаат премногу апликации на екранот. Тука UI-то ќе биде посебно прилагоден за користењето на паметниот телефон со една рака да биде природно и едноставно.

Со оглед на тоа што од Гугл потврдија дека Андроид во идните верзии ќе поддржува флексибилни екрани, се чини дека 2019-та година ќе ја одбележат токму ваквите, телефони со флексибилни екрани.

Коментари

Популарно