Зетот на Тоше: Неговата соба остана иста

За легендарниот Тоше Проески што и да се напише никогаш не може да е досадно за читање. За него зборува и неговиот зет Славен Ристески. – Нашиот Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 11 години. Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пејачот. Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката.

Човек учи да живее со тага. Секој ден без него е долг како една година. На сите ни недостасува Тоше. Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик- бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Сега со децата ги разгледуваме старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас. И неговата соба остана непроменета, иста. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчките…. вели со тага во гласот, зетот на Тоше чиј син Кристијан продолжува по музичките патеки на својот славен вујко.

Коментари

Популарно