Од полноќ ОГРОМНО намалување на цената на горивата во Македонија

Цената на бензинот од полноќ ќе биде пониска за 4,5 денари, додека дизелот ќе биде поевтин за 3 денари, најавија денеска од Регулаторната комисија за енергeтика. Се намалува и екстра лесното гориво за 3,5 денари.

„Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергтеика Бислимовски.

Коментари

Популарно