ВИДЕО:Дунавка не трпи критики

Дунавка Трифуновска која минатата недела беше топ тема на социјалните мрежи после гостувањето во „Бекстејџ“,  вeчерва повторно беше дел од нивната емисија, но овојпат наместо да зборува за себе , ги читаше коментарите на „Фејсбук“ и навредите упатени на нејзина адреса по повод првичното интервју.

А навреди имаше мал милион… Видеото од емитуваниот прилог имаше над 10 илјади прегледи и стотици коментари, а по селекција на Миро Кацаров, кој го сработи и првичниот разговор со неа дел од нив беа прочитани јавно, а Дунавка имаше можност јавно да им одговори и возврати.

После седум минути поминати во студио и низа навреди и од страна на манекенката кон оние кои ја критикувале, Дунавка се изнервира, па реши да стане сред интервју и да ја напушти емисијата.

Коментари

Популарно