ВИДЕО: Американскиот рапер Ајс Кјуб во новата песна повикува на апсење на Доналд Трамп

Американскиот рапер, актер и текстописец Ајс Кјуб неодамна го објави својот нов сингл "Arrest The President" во кој повикува на апсење на моменталниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Еден од најистакнатите рапери го објави својот нов сингл преку кој бескомпромисно и жестоко ја коментира моменталната владејачка политика во САД.

"Arrest The President" е една од најочекуваните нумери која ќе се најде на претстојниот албум на Ајс Кјуб од очигледни причини, а во рефренот јасно се истакнува дека за апсењето на претседателот постојат докази.

Ајс Кјуб и претходно ја исмевал политиката на Трамп, па затоа е многу лесно да се заклучи на кого му е посветена новата песна. Кон почетокот на декември, раперот ќе го објави својот нов албум "Everythang's Corrupt", кој ќе биде инаку неговиот десетти студиски материјал како соло уметник.

Коментари

Популарно