Познатиот рокер започнал да се гуши после настапот во Њујорк

Гитаристот на рок групата Аеросмит, Џо Пери итно бил пренесен во болница откако колабираше после настапот во Медисон Сквер Гарден, Њујорк, пишува CNN.

68 годишниот Пери со Били Џоел ја изведувал песната "Walk This Way", а после зад сцената започнал тешко да дише па со Брза помош бил пренесен во болница, каде го снабдиле со кислород со помош на посебни цевки кои му ги прочистиле дишните патишта за да дојде до воздух.

Негов претставник за медиумите потврди за USA Today дека пејачот моментално е при свест.

Ова не е прв пат на гитаристот да му се слоши за време на настап. Пред две години заврши во болница откако настапи со бендот Hollywood Vampires, чии членови се Алис Купер и Џони Деп.

Пери овој месец требаше да настапува на турнеја, а неговиот гласноговорник потврди дека нема да се појави на планираните настапи оваа недела во Флорида, но дека кон крајот на месецот ќе биде подготвен за враќање на сцена.

Коментари

Популарно