(ВИДЕО) Катица Јанева се збуни: Никола Груевски не е политичар

Гостинка во емисијата беше специјалната обвинителка Катица Јанева, која го водеше обвинителскиот тим за случајот „Тенк“, во кој експремиерот Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор.

Наместо да отиде во затворот во Шутка да ја излежува казната, осудениот во „Тенк“ вчера на јавноста преку фејсбук и соопшти дека побегнал во Унгарија од која бара политички азил.

Запрашана за коментар околу барањето за политички азил во Унгарија, Јанева даде “генијален“ одговор. Според неа, Груевски не може да бара политички азил, затоа што не е политичар!

-Па тоа не е политичар. Мислам дека е јасно дека господинот Груевски не е политичар, тој не е на висока функција, тој слободно се движеше низ Република Македонија. Дури и комуницираше со новинари и сите институции на нормален начин… – рече Јанева.

На ова интервенираше новинарката Гордана Дувњак, која на Јанева и рече„Велите не е политичар, тој можеби не е политичар на функција но сеуште е претседател на политичка партија.“

-Но тоа не значи дека е политичар! – триумфално поентираше специјалната обвинителка, по што новинарката Дувњак, за да ја извади Јанева од очигледните елементарни непознавања, одлучи да ја смени темата.

Дефиницијата за тоа што е политичар:

-Политичар е човек кој е инволвиран во политика, особено како избран на функција на непосредни избори. – пишува „Оксфорд“ во својот речник.

Коментари

Популарно