Младиот кошаркар Андреј се фрлил од зграда

Дваесет и шест годишниот Андреј С., чие тело е пронајдено во 4 часот утрото меѓу понеделник и вторник, најверојатно извршил самоубиство.

Според првичните информации. Андреј се самоубил со скок од зграда во Јагодине, во која дошол работно. Полицијата се сомнева дека на тој потег се одлучил поради коцкарски долгови.

Неговото тело е пронајдено на улица, а полицијата прво се посомневала дека некој го удрил соп возило.

Меѓутоа, утврдени се повреди на главата и колковите, така што најверојатно станува збор за самоубиство, а во неговиот стан е најдено простувачко писмо.

Непосредно пред смртта на Фејсбук оставил морничав статус, со кој повикува затворање на сите обложувалници и казина.

Андреј се занимавал со кошарка и одбојка додека живеел во Краљево, а повремено работел и како одбојкарски тренер и држел часови за одбојка.

Коментари

Популарно