ФОТО: Лејди Гага е новото лице на насловната страна на Variety

Познатата американска кантавторка и глумица Лејди Гага се најде на насловната страна на последниот број на популарниот американски магазин Variety.

Во самото интерјву кое пејачката го даде за магазинот истакна дека сè уште е под импресии од успехот на филмот "A Star Is Born", пренесува Билборд. 

На фотографиите кои се направени за потребите на статијата, Лејди Гага е фотографирана во својот дом во Малибу, пред да биде евакуирана поради огромните смртоносни пожари.

Лејди Гага на снимањето носеле машка кошула која Бредли Купер ѝ ја дал во филмот со што низ фотографии на некој начин ја испреплети реалноста и филмската акција.

Оваа пејачка неколкуте фотографии за Variety ги објави на своите профили на социјалните мрежи, што предизвика општо воодушевување на нејзините фанови кои ѝ делеле многубројни комплименти.

Коментари

Популарно