Како се организирало бегството на Груевски?

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конфереција информира дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

„Одделот за внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски“, рече Бошњаковски.

Коментари

Популарно