ФОТО: Пожар во домот на Ким и Канје

Во последните недела дена многубројни жители на Калифорнија останаа без своите имоти во катастрофалните пожари. Помеѓу нив се и многу славни личности како Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Ким Бесингер и Робин Тик.

Ким Кардашијан и Канје Вест својот имот, вреден 60 милиони долари, сепак успеале да го спасат. Прво им ги евакуирале вилите, а потоа парот одлучи да им платат на  приватни пожарникари со цел да го спасат нивниот дом. Приватна компанија успеала да го изгасне пожарот околу нивниот имот и да го сочува домот, но и домовите на соседите кои исто така ќе настрадале доколку пожарот не беше стопиран. 

Приватните пожарникари инаку им се на располагање само на богатите Американци, а такви услуги се нудат во договорот на осигурителните компании кои ги осигуруваат куќите на најбогатите клиенти.

Коментари

Популарно