Том Круз ја загубил улогата поради висината

Холивудскиот актер, Том Круз, сепак нема да глуми во франшизата на филмот „Jack Reacher“, како што било планирано, пренесува „BBC“.

Британскиот автор Џејмс Д. Грант, познат под името Ли Чајлд, признал дека Том ќе го замени со друг актер, бидејќи е „пренизок“.

Во бестселерот, по кој ќе биде снимена серијата, Ричер е висок дури 195 сантиметри. Круз, како што тврди Чајлд, не знаел дека неговата висина од 170 сантиметри ќе биде проблем, кога го договарале снимањето.

Иако глумел во првите два филма, поранешниот воен истражител, Џек Ричер, овојпат ќе го глуми некој друг. Ова не е првпат Том да има проблем во филмската индустрија, поради својата висина.

Имено, Круз од самиот почеток на својата кариера, се бори со комплексите поради висината, а неодамна признал дека со текот на годините почнал дополнително да се „смалува“. Тоа очигледно било доволна причина за холивудскиот актер да ја загуби улогата во серијалот, кој наскоро треба да започне со снимање.

Неговите пријатели откриле дека тоа „го убило“, а на снимањето често стоел на разни платформи. Исто така со години носи чевли со специјална внатрешна платформа, која го прави повисок од што навистина е.

„Сакам да работам со Том Круз и ја почитувам неговата работа. Без оглед на неговиот голем глумачки талент, тој едноставно ја нема потребната висина за оваа улога“, изјавил Ли Чајлд, за „BBC“. Тој додал дека дури и читателите се жалеле, кога почнало да се претпоставува дека најверојатно Круз ќе глуми во серијалот.

„Читателите сепак се во право. Висината на Ричер е многу важна, па затоа ќе најдеме актер кој ќе одговара на главниот лик во романот. Иако на почетокот мислевме да направиме уште еден филм со Том, на крајот сепак одлучивме да направиме телевизиски серијал“, додал Чајлд за „BBC“.

Сè уште не е познато кој актер ќе го замени Том Круз. 

Коментари

Популарно