ФОТО: Пејачките од групата „Little Mix“ позираа голи

Женската музичка група „Little Mix“, наскоро ќе го објави новиот албум, а со една фотографија одлучиле да пратат силна порака на светот.

Четирите девојки од познатиот бенд се соблекле голи и телата ги испишале со разни навреди, кои жените секојдневно ги добиваат поради телесните несовршености.

Нивниот најнов сингл „Strip“ испраќа моќна порака дека жените треба да зрачат со самодоверба, а на овој начин пејачките ги прославиле своите несовршености.

Поранешните победнички на музичкото натпреварување „Икс Фактор“, ги покриле интимните делови од телото, а на кожата ги испишале сите погрдни зборови со кои ги именувале.

„Дебела, не знаеш да пееш, грда, слаба, со стрии..“ се дел од зборовите кои девојките ги носеле на телото.

Пејачките на овој начин сакале да ги повикаат сите жени заедно со нив да ги прослават своите несовршености.

„Сите некогаш сме страдале од ниска самодоверба, сите сме добивале навреди и негативни коментари, а немавме песна за тоа“, рекле девојките од познатиот бенд. 

Коментари

Популарно