Ако не “падне секс“ не се рачуна за изневерување?

Многу ретко некој е подготвен да зборува за своите искуства во водењето на двоен живот, поголем дел од она што го знаат луѓето за изневерувањето се предрасуди.

Пар по разоткриеното неверство не може да биде среќен 

Точно е дека тешко може да се поврати довербата по изневерување на еден од партнерите. Сепак, тоа не значи дека нема начин врската да се обнови. Во многу случаи, тие кои ќе се одлучат да продолжат успеваат да изградат силна врска. Вистината е некогаш моќно оружје кое може да ви помогне да се опоравите.

Не е изневерување ако не вклучува секс.

Многу изневерувања се одвиваат без секс. Дали тајното допишување со личност која неодамна сте ја запознале се смета за неверство? Можеби личнота која тоа го прави не ги гледа вистински работите, но нејзиниот партнер тоа секако го дожививува како изневерување.И емоционално можеме да го издадеме партнерот, така што дел од времето, мислите и чувствата ги делиме со друга личност.

Мажите секогаш бараат врска „на страна"

Вистината е всушност дека аферите им се случуваат на луѓето кои никогаш не бараат. Тоа важи за случаите во кои партнерот изневерил само со една личност. Аферите често почнуваат како пријатно дружење со некој, а потоа се развива блискост која може да прерасне во емоционална поврзаност. Ако некој изневерува, не мора да значи дека тоа и претходно го правел.

Неверствата се случуваат поради сексуална привлечност

Секако, некои од нив се засноваат само на секс, но во многу случаи станува збор за емоционална врска. Некогаш дружењето и размена на нежност всушност е она што се одвива меѓу прељубниците.

До изневерување се доаѓа поради проблеми во бракот

Вистина е дека во сите бракови има проблеми. Прељубите не се случуваат затоа што со бракот нешто не е во ред, туку зашто паровите не знаат како да се вклопат и на вистински начин да ги решат проблемите кои ги имаат. Проблемите во врската не можат да бидат оправдание.

Еднаш прељубник, секогаш прељубник

Ако некој еднаш се впуштил во неверство не мора да значи дека тоа ќе го направи повторно. Поголемиот дел од аферите се случуваат еднаш и никогаш повеќе. Тоа што се случува после неа, може да го врати бракот на курс на стабилност и доверба или потполно да го уништат.

Коментари

Популарно