ВИДЕО: Поранешната девојка на најпознатиот голф играч Тајгер Вудс е уапсена

Џејми Џангерс, поранешната љубовница на Тајгер Вудс и некогашна танчерка е извлечена од канџите на проституцијата откако била уловена како го продава своето тело за дрога.

Несреќната жена од така наречениот "Sin City", каде девојките го продаваат своето тело на функционери во замена за хероин и спид, била спасена од специјалната единица "The Bounty Hunter", а лидерот на тимот кој ја уапсил рекол дека била речиси пред умирање. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💋Summer '17

A post shared by Jamie Jungers (@jamieluvsapple) on

"Жената имаше само 39 килограми кога ја уапсивме. Беше толку слаба што лисиците ѝ беа големи. Да не ја најдевме за неколку недели ќе беше мртва", вели Дуан Ли Чепмен.

Тој истакна дека жената била чувана во ужасни услови.

"Момците ја држеле во куќата во која таа нудеше сексуални услуги за дрога. Ми раскажа дека тоа го правеле во четири или пет слични куќи", објасни Чепмен.

Инаку, за време на апсењето, поранешната девојка на Вудс го обвини токму него поради нејзините лоши животни избори.

"Сите овие луѓе сакаат да имаат секс со мене, бидејќи Тајгер Вудс имаше секс со мене. И одеднаш сите тие се во мојот живот поради дрога. Станав е**но џанки!", викаше додека полицијата ја апсеше.

Инаку Џејми ги доби своите пет минути слава пред девет години кога за 150.000 евра ја продаде приказната за својата љубов со познатиот голфер кој, како што пренесуваат медиумите, имал вонбрачна афера со дури 120 жени.

Нејзините проблеми со дрогата постоеле и во минатото и пред четири години се појави приказната дека е навлечена на различни таблети.

Коментари

Популарно