Тајната на младиот изглед на Меган Маркл е потполно бесплатна

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл може да се пофали со беспрекорниот тен, без речиси ниедна брчка во 37-та година од животот.

Како голем поборник на природниот изглед, Меган Маркл својот младолик изглед не им го должи на естетските корекции, туку на чудотворните креми и на јогата.

Да, добро видовте, освен што на јогата ѝ е должна за својата совршена фигура, редовно прави и јога за лице, која нејзината кожа ја прави младолика.

„Редовно правам вежби за лице, кои практично го обликуваат лицето. Се колнам дека делуваат, иако со нив се чувствувате прилично лудо додека ги правите. Денот кога вежбам, моите јаболчници и вилица изгледаат многу поизразено, а лицето помладо. Затоа, тоа секогаш го практикувам пред некој свечен настан“, изјавила Меган за интервју за „Birchbox“.

Со неа се сложува и експертката за фацијална јога, Даниела Колинс, која за „Harper's Bazaar“ објаснила дека тие вежби ги зајакнуваат мускулите на лицето и на тој начин ја зајакнуваат и кожата и ги бришат брчките.

Ако не верувате, јогата за лице можете многу лесно да ја пробате и сами, бидејќи на интернет можете да најдете многу бесплатни видеа со такви вежби.

Коментари

Популарно