Сузана Турунџиева откри зошто заедничката ќерка со Маленко не го покани татка си на свадба

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е новото лице на телевизијата 1ТВ. Во вечерашното издание на естрадниот магазин „Ексклузив“ таа го најави своето ново забавно-едукативно шоу кое ќе се емитува секое неделно попладне на оваа фрекфенција.

Турунџиева во интервју за „Ексклузив“ конечно се огласи за пишувањата дека нејзиниот поранешен сопруг Александар Маленко не присуствувл на свадбата на нивното заедничко дете.

– Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш – порача таа.

Лора Турунџиева и Филип Наунов се верија во август годинава. Сузана со емотивна порака на Фејсбук ѝ ја честита веридбата на ќерката. Нејзиниот татко Александар Маленко кој од четири брака има пет деца, се огласи дури по неколку недели токму за Женски Магазин и, меѓу другото, изјави дека тие двајца се совршени еден за друг.

Двојката на социјалните мрежи пред извесно време се пофали со цел албум свадбени фотогорафии и ја споделија нивната среќа со јавноста.

Тазе омажената Лора ужива во бракот, а заедно со нејзиниот сопруг го користат секој момент да го поминат заедно.

Неодамна еден викенд среќниот пар Лора и Филип го искористија за во посета на Лесновски манастир, од каде објавија неколку фотографии на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

❤️

A post shared by LORA NAUNOV TURUNDZIEVA 🇲🇰/🇷🇺 (@naunov_turundzieva) on

Се гледа дека на помладата Турунџиева, односно сега Наунов и годи брачниот живот.

Во изјава за потралот 7 дена.мк гордата мама и веќе баба Сузе веднаш по свадбата изјави:

Свадбата беше мала, со околу 140тина гости, во кругот на најблиските. Покрај шестчлениот бенд за атмосферата беше задолжен Сефедин Бајрамов, мој многу добар пријател и колега со кого заедно настапував, кумата на Лора – Олгица Христовска, сега Кошутиќ, а зетот Филип и неговите браќа, внукот Бојан и зетот Сашо од Битола заедно пееја. Главна атракција беше малата Матеа, која не престана да игра, дури два пати го зеде и микрофонот во раце, вели Сузе.

А, еве и каква баба беше Сузе на свадбата на ќерка си, во бел сатенски фустан кој совршено ја оцртуваше целата линија.

Коментари

Популарно