Митови за оралниот секс во кои веруваме, а не се вистинити

Порно филмовите создадоа митови за оралниот секс кои се задржале до денес. Време е конечно да бидат срушени.

Колку подлабоко, толку подобро

Митовите речиси и да не може да бидат искоренети, а тоа важи и за овој. Освен тоа што поклопецот во грлото го активира рефлексот за повраќање, па речиси е невозможно да се изведе, најголемиот број на нервите се наоѓаат на самиот врв на пенисот, т.е главичката, така што длабочината не е толку важна. За поголемо уживање, многу е поефикасно да се стимулира главичката со јазик или истовремено да се поиграте и со неговите тестиси.

Голтањето е задолжително

Некои сметаат дека оралниот секс е комплетен само ако заврши со ејакулација и голтање. Меѓутоа, овој вид на секс е забавен и без тоа – затоа доколку не ви се допаѓа идејата на голтање, прескокнете ја. Поважно е да го стимулирате мажот, со раце или јазик, во текот на целото пружање на задоволството и тоа да не го прекинете кога е близу до кулминација.

Забите се табу

Секако дека тој се плаши да не го повредите и дека забите не треба да учествуваат во оваа секси игра. Меѓутоа, има еден стар трик. Нежното гребење по главичката може да биде исклучиво возбудливо, но пред тоа сепак прашајте за дозвола.

Оралниот секс е понижувачки

Овој мит го создаде порно индустријата низ најразлични игри со покорување и опасни пози. Во реалноста, оралниот секс е вообичаен облик на сексуалност. Тоа значи дека партнерите размислаат за другиот: Што можат да му пружат, а да му се допадне? Зошто би било понижувачко оралното задоволување ако двајцата партнери го сакаат тоа и се сложуваат?

Безбеден е

Не е. И при орален секс постои можност за пренесување на заразни болести како ХИВ, сифилис или гонореја. Ејакулацијата во уста го зголемува ризикот од заразување со некоја инфекција, па затоа е најсигурно да користите кондом и при орален секс. Внимавајте кондомот да е без премаз за вкусот да биде неутрален.

Коментари

Популарно