ФОТО: Купил куќа не знаејќи дека е голем среќник

Обично се вели дека треба да пробате нешто пред да го купите, но кога станува збор за новите куќи, тоа баш и не е опција - а мноштво нови сопственици се дочекани со непријатно изненадување како реЗултат на тоа.

Понекогаш тие мали изненадувања може да бидат и одлични. Токму тоа му се случило на овој човек. Кога ги гледал архитектонските планови на својата куќа, открил дека под неговиот имот се крие нешто големо. Зграбил лопата и почнал да копа.

Кога удрил во метал знаел дека пронашол. Имало тајно скривалиште и тоа не мало. Куќата е ѕидана во 60-те, а плановите за скривалиштето се пшредадени заедно со плановите за куќата.

Дошло време и да се тргне поклопувачот. На дното од скривалиштето имало куп отпад.

Сепак, скривалиштето било во добра состојба и изгледало како голема штета да пропадне.

Расчистувањето барало голем труд. Сепак, изгледало многу подобро. Старите скали морале да се отстранат. Откако просторот се исчистил човекот сфатил дека добил уште една голема просторија во оквирот на домаќинството која сега изгледа одлично.

Коментари

Популарно