Никола Груевски сигурно ќе се појави вечерва на протест пред Собрание?!

Денеска пред Собранието на Република Македонија ќе има протест, чиј организатор е „Бојкотирам“, кои обезбедија превоз од сите градови во државата.

Од подддржувачите на овој протест, уверуваат дека бројката на луѓе кои ќе излезат и ќе протестираат ќе биде голема, споредувајќи ја со онаа од 27. февруари, како и онаа од 2. јуни.

На социјалните мрежи може често да се прочита и дека доколку би бил во државата, сигурно на овој протест ќе се појави и Никола Груевски, поранешниот премиер кој моментално е во бегство и најверојатно се наоѓа во Будимпешта.

Од неговите поддржувачи, кои му честитаат на фактот што избега од државата, има повеќе коментари, во кои тврдат дека тие ќе земат со себе уште некој, поради оправданото отсуство на Груевски.

Коментари

Популарно