Кој е набогат во владата на Заев - премиерот е само шести по богатство!

Најбогат член нa владата е вицепремиерот Кочо Анѓушев. Втор по богатството е министерот Крешник Бектеши, а меѓу шестемина најбогати членови на Владата се и премиерот Зоран Заев и министрите Хазби Лика, Никола Димитров и Асаф Адеми.

Вкупното богатство на овие шестмина богаташи во Владата вреди 35 милиони евра, изјави Жаклина Хаџи Зафировa од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, презентирајќи ја новата веб платформа ПЕП (politically exposed person), која ќе содржи податоци за имотот на функционерите.

-Ние се потпираме на официјални документи и изјави од државните институции, иако во моментов Комисијата за антикорупција не може да ни обезбеди информации од јавен карактер, затоа што се избрани нови членови. Сите знаеме дека вицепремиерот Анѓушев е најбогат, додека на второто место е Крешник Бектеши – изјави Хаџи Зафирова за 1ТВ.

Овој проект финансиран од Американската амбасада на новинарите и на граѓаите треба да им обезбеди веродостојни информации за функционерите. Конкретно, веб платформата ќе биде база на податоци за тоа што поседуваат не само тие, туку и членовите на нивното поблиско семејство, потоа дали се инволвирани во некакви бизниси, дали имаат сопственички удели, дали се накаде акционери, односно ќе ги обезбедува сите податоци кои се пријавени во Државната комисија за спречување корупција.

Коментари

Популарно