ВИДЕО: Проба да и го украде телефонот, а заврши на земја во болки

Еден крадец во Бразил лошо ја проценил девојата на која се обидел да и го украде мобилниот телефон.

Имено, тој го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.

„Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец“  - рече таа за локалните медиуми.

Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја.

Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џитцу.

Коментари

Популарно