Даниел Кајмакоски откри што спрема!

Даниел Кајмакоски кој откако стана татко на малиот Давид се повлече од музичката сцена наскоро ќе промовира неколку нови песни на кои работи во моментов. Вели дека синот сега откако потпораснал е време да и се посвети на кариерата, а ќе работи паралелно и во Македонија и во соседна Србија.

Спремам многу новитети, но не сакам да кажам официјален датум за промоција затоа што не уште и јас не знам кога ќе го завршам проектот. Знам дека на моите фанови им должам нови песни и истите наскоро ќе им ги подарам, нека бидат трпеливи, вели Кајмакоски кој јавноста ширум овие простори го запозна преку учеството во музичкото шоу „Икс Фактор“ каде триумфираше.

Неодамна преку објава на „Инстаграм“ откри и дека сака уште едно дете.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Тие растат толку брзо, но треба уште едно бебе, напиша пејачот.

Дали ова значи дека приновата веќе е на пат, или пак сакаше да открие дека со сопругата само работат на случајот, останува да почекаме и да видиме. Едно е сигурно, поголема радост од големо семејство нема!

Коментари

Популарно