Ова се платите на министерите во владата на Заев

Владата ги објави висините на платите на премиерот замениците на премиерот и на министрите. Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 92,299 денари.

Платата на Спасовски е повисока од премиерската затоа што на министрите за внатрешни работи им следува дополнителен надомест поради спецификата на работното место. Тоа значи дека ако се земат предвид само платите на министрите, тогаш повисок (прогресивен) данок ќе плаќа само министерот за внатрешни работи.

Втор по примања е премиерот Зоран Заев со 88.161 денари. Вицепремиерот Кочо Анѓушев добива 80.206 денари, а Радмила Шекеринска добива 79.150 денари.

Најниска плата зема миистерот за култура, Асаф Адеми од 66,117 денари. Објавените податоци се дел од заложбите за поголема транспарентност на Владата. Со измените на Законот за плати на избрани и именувани функционери, платите на вицепремиерите се очекува да се порамнат со платите на другите министри, поради одлуката на Уставниот суд.

Коментари

Популарно