Видео: Мухамед Ибрахими побара прочка!

Мухамед Ибрахими ја објави осмата нумера од неговиот албум Devotion, наречена Perdonami (Прости ми). Инструменталката чиј автор и композитор е Мухамед, можете да ги чуете звуците на акустична гитара, мандолина и виолончело кои се одлично искомпонирани со ударни инструменти. Авторот на делото свири  гитара и мандолина, а пак виолончело младата Фјола Исмаили. 



Спотот е во режија на Ѕвонко Наумовски, а е изработен од страна на продукција МЕДИУМ. Видеото е снимано на неколку локации во Македонија меѓу кои Свети Наум, Охрид и Скопското Кале. 

Официјалната промоција на нумерата и музичкиот спот ќе се одржат во Сабота во 8 часот, во кафулето Винил.

Во продолжение можете да го погледнете спотот за песната "Perdonami" 

Коментари

Популарно