Парис Хилтон и Крис Зилка раскинаа

Иако долго време се шпекулираше дека врската на Парис Хилтон (37) и актерот Крис Зилка (33) е во криза, сега нивен пријател го потврди тоа. Тие беа свршени речиси една година, но повеќе не се заедно, пишува TMZ.

„Раскинаа пред неколку недели. Врската се одвиваше многу брзо, и Парис сфати дека тоа не ѝ одговара“, изјави нивниот пријател.

Јавноста првпат дозна за нивната врска минатата година, а за Нова година Крис ѝ понуди брак на Парис. На нејзината рака светеше прстен во вредност од два милиона американски долари.

Иако никој од нив не коментираше за прекинот, Парис го навестува тоа.

„Она што ја правеше силна беше тоа што, и покрај милион работи што ја повредуваа, таа не зборуваше за ништо, освен за среќа – напиша трендсетерката на социјалните мрежи.

„Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат, па мора да научите да ги пуштите. Работите се влошуваат за да ги цените кога се добри. Вие верувате во лаги, така што можеби сте научиле да си верувате само себеси. Понекогаш добри работи се распаѓаат за да можат подобро да се спојат“, Парис ја цитираше Мерилин Монро.

Коментари

Популарно