Циклонот Маријан ќе ја погоди Македонија

Денеска, особено претпладне и тоа претежно на југоисток и на југ ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Попладне и навечер врнежите ќе се намалат и локално ќе престанат.

Потоа во следните денови ќе има услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет.

Според најновите направени анализи нови поинтензивни врнежи ќе има од недела навечер.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 7 до 14 степени, нешто потопло ќе биде утре (среда) со максимални дневни температури од 10 до 17 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно