Како бил уапсен Сашо Мијалков

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков бил уапсен на препад и очигледно без да насети дека му се подготвува апсење, што е потврдено и од неговиот двокат Антонио Апостолски, кој најави жалба на одлуката за притвор.

Според фотографиите до кои ексклузивно дојде 24 Инфо, Мијалков денеска вообичаено дошол во хотелот „Мериот“ каде што редовно престојувал. Со него биле и седумина обезбедувачи со кои прошетал низ центарот на градот.

Неофицијално, тој бил уапсен без да даде отпор, односно не реагирало обезбедувањето, па Мијалков бил приведен. Сепак, внимние кај граѓаните предизвикало силното чкрипење на гуми од гаражата на „Мериот“ од каде излегол автомобил, што не е вообичаена практика. Не е познато дали автомобилот бил на Мијалков, или на „алфите“ кои го апселе.

„Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за него се бара мерка притвор. Можеби тој ќе понуди патна исправа или гаранција. Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања, изјави за „Макфакс“ адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски.

Тој додаде дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор.

Коментари

Популарно