Во каква ќелија е сместен Сашо Мијалков во Шутка?

Сашо Мијалков во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.

„Обвинетото лице Сашо Мијалков не е сместен во хашките ќелии, како што ги нарекувате. Тој е сместен во ќелија на приземјето од затворот, со други осомничени лица“, изјави директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.

Хашката келија се наоѓа на горниот спрат и е зафатена од неговиот кумашин Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот „Империја’.

Коментари

Популарно