Пригответе гулаш на “посебен“ начин

Пивски гулаш

Потребно е:

500 гр свинско месо кртина

1 главица кромид 3-4 лажици масло

3 чешниња лук 200 мл пасирани домати

500 мл пиво 1 лажиче мелена црвена пиперка сол, бибер 1 лажиче мајчина душичка 1 лажиче власец 1-2 лажици пченкарна палента

Подготовка: – Месото исечете го на мали коцки и пропржете го на загреано масло од сите страни. – Потоа додадете ситно сецкан кромид и лук и пржете уште 1-2 минути. – Потоа додадете мелена црвена пиперка, сол, бибер, мајчина душичка, пасирани домати и пиво. – Убаво измешајте и варете на тивко околу 50 минути. По потреба ако испари повеќе од течноста додадете уште малку вода. – Пред крај на варењето додадете ја палентата. Гулашот треба да има доволно сос. – Пред да го послужите посипете го со сецкан власец.

Коментари

Популарно