Зоран Марјановиќ, 40-годишниот сопруг на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ вели дека знае кој ја убил неговата сопруга за која тој беше осомничен и лежеше затвор.
Тој се доверил на близок пријател дека редовно го среќава убиецот и дека го штитат моќни луѓе во Белград.
- Кога пријателот го прашал зошто не признае и пријави тој рекол дека се плаши за себе и ќеркичката зошто тој е моќен човек и ќе му наштети, пишува српски Блиц.
Инаку, Јелена беше убиена кај насипот во Борча во 2016 година.