Дали сте претерале со секс?

Мажите многу почесто лажат од жените кога станува збор за бројот на сексуалните партнери кои ги имале во минатото.

Според одговорите на испитаниците констатирано е дека максималниот број на сексуални партнери кај жените изнесува 14, додека за мажите 15.

Доколку бројот е поголем од 14, односно 15, другата страна започнува да ја доживува личноста како промискуитетна.

За среќа, не постои двоен стандард кога станува збор за идеалниот број на сексуалните партнери кај машкиот и женскиот пол–тој изнесува 7за двата пола. 

Интересно кај истражувањето е фактот што испитаниците се изјасниле дека може да им пречи и малата бројка на сексуални партнери – доколку жената имала односи само со еден или двајца партнери, а мажот само со две или три, тогаш истите се етикетирани како „премногу конзервативни“.

Ние сепак сметаме дека живееме во еден современ свет, каде што овие прашања не треба да претставуваат никаква табу тема и секој си знае и си одговара за себе, нели?

Коментари

Популарно