Има осум деца и живее од социјална помош

Една самохрана мајка на осум деца која зема социјална помош од државата, се спрема да отпатува во странство поради операција за зголемување на градите, пишува "The Sun".

Мари Бушан, која во родната Британија ја нарекуваат Октомама и која тврди дека ги издржува своите осум деца со социјална помош од 30 илјади фунти, прилично ја разбеснила британската јавност кога најавила дека ќе потроши 2500 фунти на операција за зголемување на градите во Турција. 

Операцијата планира да ја направи кон почетокот на јануари, а тврди дека за истата заработила пари работејќи како автомеханичарка, 16 часа неделно.

"Знам дека луѓето ќе ме осудуваат, но тоа сакам да го направам за себе и за својата самодоверба. Не пијам алкохол, не пушам цигари и не излегувам. За операцијата штедев две и пол години, не ја плаќам со парите од државата туку со заработени пари, а со заминувањето во странство двојно ги намалив трошоците за операција", тврди Мари.

Ова не е прв пат таа да ги разбесни даночните обврзници трошејќи пари - минатата година признала дека направила пластична операција на вагината, а исто така купила и коњ, тврдејќи дека тоj ѝ помoгнал да се излекува од депресијата.

Инаку, пред една година, таа за прв пат по 16 години се вработила како помошничка во автомеханичарска работилица, но бидејќи работи само 16 часа, Бушан и понатаму прима социјална помош.

Коментари

Популарно